January 08, 2012

За автостопирањето

Автостопирањето претставува...  Не... не  вака... 
Автостопирањето или стопирањето е вид на превозно средство кое датира од пред многу време (од времето на дедо Ное).  Што претставува автостопирање? Зборот автостопирање доаѓа од македонските зборови: автомобил (кола) и стоп (запри, застани) или у превод застанување на коли кои возат со минимум 120  km/h. 
Автостопирањето претставува најекономичното превозно средство бидејки за него не ви треба да имате сопствена кола, ниту ви требаат пари за да купите бензин. Единствено што ви треба е да имате вишок на слободно време (цел ден на располагање), јаки нерви, мала доза на авантуристички дух некоја пара за да си купите пиво/сок/вода/нешто за јадење и најбитниот детаљ кренат палец (до висина на градите). 

Следното нешто што треба да го направите е да го изберете патот по кој ќе патувате  до саканата дестинација. За тоа ќе ви треба една карта на кој ќе бидат покажани сите патишта до саканата дестинација (при ова  строго се забранува користење на гугл ерт) маркер со дебелина од 0.5 mm (купен од книжарниците на “Просветно дело“) и со него на мапата да си исцртате патеката по која ќе патувате. Откако ќе го направите сето ова ќе треба соодветно да се дотерате за автостопирањето т.е. да се облечете. Сега постојат неколку модни правила (важат и за двата пола) да не речам тајни кои само најискусните автостопирачи ги знаат и треба години и години работа и следење на автостоперската мода за да можете да ги научите, но вие драги мои  читатели нема потреба да го правите тоа бидејки јас ќе ви ги кажам основите на автостоперската мода.За почеток ќе ви кажам дека постои облека за пролет-лето и есенска облека.

За период пролет-лето се смета периодот од моментот кога првпат ќе забележите дека шрткот се населил на  оџакот од  комшијата до моментот кога ќе си оди. За есенски период се смета периодот од иселување на штркот од оџакот на комшијата до моментот кога температурата надвор ќе биде -5 степени. За периодот пролет-лето се препорачува да носите: 3/4 панталони најчесто со црна боја направени од тенок материјал или џинс исечени на колената и на  бутовите. Од маички се препорачува стрикно да се носи т-ширтс со некој уникатен дезен, слика од твојот омилен лик, музичка група или пак некоја испишана парола (на пример: садам пиперки по поволни цени, ја сакам царевата ќерка и сл.). Маичката мора да има темна боја или барем да одговара со бојата на панталоните. Од обувки мора да носите оригинал-старки. Препорачливи се три бои: црна во комбинација со ептен мала доза на бела боја (дезенот може да биде бел), плави во комбинација со црвена и бели. Доколку немате оригинал-старки можете да носите слични патики или некоја друга марка на патики, но ова не се препорачува бидејки само најискусните автостопирачи можат да си го дозволат ова а сепак за кратко време да успеат да најдат кола за превоз. Кога станува збор за фризурата и шминката на лицето никако ама никако ни под разно не смеета да помислите да имате шминка или уредна фризура. Шминката е строго забранета и доколку некој автостопер се виде со шминка  тоа се смета за најголемиот ерес и се казнува со доживотна забрана за автостопирање.  Фризурате треба да е малку несредена т.е. да биде на границата на средена и несредена. Не смее да биде средена бидејки возачите ќе добијат претстава дека не сте автостопер туку некое размазено детиште кое нема што да прави во својот живот. Не смее да биде ниту ептен несредена бидејки тогаш се добива претстава дека сте некој клошар. Значи треба да најдете нешто во средина. Како? Тоа сами ќе знаете кога ќе пробате. Од модните дотатоци се препорачува да си носите ранец со себе, некој едноставен (таков можете да најдете на Бит-пазар) ефтин ранец, безбол-капче (може но и немора), наочари за сонце никако (за облаци и дожд може доколку имате).

За есенскиот дел модата е горе-доле слична со пролетно-летната мода. Од панталони најчесто се носи џинс  или фармерки, сомот-панталони итн. Од горниот  дел од облека ќе треба  да си набавите некое тенко блузиче а врз него ќе облечете маичка на кратки ракави (која ја спомнав погоре во текстот). Од обувките ќе би треба да си набавите чизми или кондури (тука нема специфирано какви морат да бидат). За фризурате и шминката останува кажаното погоре. Од модните дотатоци ќе би треба ранец (спомнат погоре), чадор (за секој случај да не ве фати дожд на сред автопат) кој може да го купите од момците шо продаваат на плоштад или од некое пазарче, наочари не ви требаат. А да, препорачливо е (за секој случај) во ранецот да си ставите некое подебелко блузиче во случај да не залади времето (може да носите какво и да било). Откако ќе се дотерате, вие ќе треба да ги одберете и дестинациите за стопирање (третата тајна). Оние кои првпат стопираат овој дел им е најтежок бидејки 90% од почетниците избираат погрешни дестинации па чекаат многу повеќе време да им застане кола.

Пред да ви ги кажам дестинациите да не заборавам да спомнам дека можете да си најдете другарче со кое ќе стопирате заедно но шансите да ви застане кола ви се намалуваат за 14% но од друга страна ќе ви биде поинтересно бидејки ќе имате со кого да разговарате додека чекате некого да застане. Сега за дестинациите... Како најчесто користени дестинации се патарините (колите скоро и застануваат) па можете слободно да им пријдете и да ги замолите да ве однесат, бензиски пумпи (тука можете и краток муабет да започнете со шоверот додека чека да му го наполнат резервоарот со гориво), поретко се користат попатни паркинзи и мотелите покрај патот. Кога станува збор за бирање на кои коли да ги застанувате најчесто се применува најстарата и најсигурна техника “регистрација-град“ т.е. ги бирате коли кои се рагистрирани во најблискиот град од местото кај што стопирате (пример: ако одите да речеме за Охрид бирате коли кои на регистрацијата ги имаат буквите О и Х).

Како други техники ќе ги спомнам техниката “дирекнтек превоз“ односно бирате коли кои одат само до местото кај што сакате да стигнете и техниката “рандом кола“ односно си бирате кола, прашувате до кај оди и ако ви одговора се качувате а ако не фино лепо си чекате друга кола. Тука морам да ја спомнам и најризичната техника која се користи од најискусните автостопери а тоа е техниката наречена “возење во јака кола“. Автостоперите ги застануваат само јаките коли (BMW, Mercedes, Audi итн,) и се возат во нив до некоја одредена дестинација. Оваа техника не му ја препорачувам на никој бидејки ќе ви требаат многу години поминато во тренирање на патиштата и многу слободно врем и познавање на најголемите тајни за автостопирањето (освен ако не изгледате како момата на сликата, тогаш колите сами ви застануваат).
За крај на овој курс сакам да ви посакам да бидете добри, весели и среќни, да гледате лото, гледајте бинбо и не заборавајте да го фрлите ѓубрето.
Tweet It! Facebook

September 24, 2011

Ретро пост: Врски

Последниве неколку години Елфаско низ ФЕИТ вршеше испитување за тоа какви видови на врски виреат низ нашиот ни факултет. Во оваа испитување беа опфатени: 98,345 % од вкупниот број на професорите и професорките, сите асистентки што се на ФЕИТ, 56,5656% од асистентите и 99,6575% од вкупниот број на студентите (машки и женски).

Добиените резултати од истражувањата беа изненадувачки дури и за врвниот тим на научници на Елфаско кои зад себе имаат долгогодишно истражувачко искуство. Со оглед на фактот дека дружењата помеѓу мажите и жените на ФЕИТ се невидена реткост (тука не спаѓаат дружења од типот: заедничко спремање на колоквиум/испит, презентирање на новата збирка задачи на колегата/колешката, исповедање за тоа како поминал испитот и тако даље)  тимот на научници не очекуваше некој особен резултат од испитувањето. Како и да е, најверојатно додека го читате ова поголемиот дел од вашиот мозок е сконцентриран на текстов а еден мал дел од мозокот нестрпливо сака да дознае кои се тие врски на ФЕИТ меѓу мажите и жените. За да ви ги скратам маките во преостанатиот дел од текстот ќе ви изнесам дел од врските на ФЕИТ (оние најзастапените).

 Секс-бади врска - Знам, и на мене сеуште не ми се верува. Сепак она добро познатото „на ЕТФ нема секс“ со текот на годините изгледа исчезнало. Оваa врска е помеѓу колега-колешка или колешка-колешка на кои факултетот не им е во преден план, односно повеќе се склони кон поимот „социјален живот“. Двајцата во врската се гледаат само кога сакаат да имаат секс, не се обврзани на верност што значи дека може да имаат секс и со други личности и може да прекинат кога сакаат без некакви поголеми изливи на чуства.

Мувач-бади врска - Мутација на предходната врска. Оваа врска се остварува помеѓу личности кои се бендисуваат меѓусебно но недоволно за да имаат секс па наместо тоа се осврнуваат кон бакнување. Исто како и предходната врска не се обврзани на верност, преку ден не се гледаат главно поради обврските кон факултет, само навечер кога излегуваат и тоа „случајно“ се сретнуваа во некој кафич/дискотека/кафана и вечерта ја поминуваат заедно задоволувајки си ги јазичните потреби.

Дудлач врска - Најомразената врска. Ова ти е врска измеѓу студентка и професор/професори. Студентката ги користи сите расположливи средства да му се умилкува на професорот со цел да извади некоја корист од тоа. Спремна е да направи се што треба за да си ја оствари целта, па дури и тоа да им штети на нејзините колеги. Тоа го прави на тој начин што ја користи секоја прилика  да му симнува ѕвезди на професорот. Го возвишува неговото име, му се поклонува секогаш кога ќе помине покрај неа, му се смешка на час, прва го поздравува, секогаш прва прашува прашање макар и да е глупо. Елфаско порачува: доколку налетате на студентка-дудлач да дојдете во Елфаско и да ја пријавите, а ние ќе ги пуштиме нашите специјалци за елиманација на оваа врска.

Газолизач врска - Втората најомразена врска. Иста е како првата само што улогите се сменети. Студент и лиже газ на професорката или професорки. Исто како во предходната врска студентот користи слични методи на пристап кон професорката и зближување со неа. Инаку студентот-газолизач и студентката-дудлач често пати може да се видат како соработуваат заедно, развиваат стратегии на пристап кон професорите и професорките,  (понекогаш дури ги напаѓаат и асистентките и асистентите, посебно оние помладите)  разменуваат искуства, си ги откриваат најслабите точки на професорите/професорките за напад. Ако наидете на студетнт-газолизач пријавето а Елфаско понатаму ќе ја преземе работата во свои раце.

Бубач-бади врска - најбројната врска на ЕТФ. Припадници на оваа врска се гиковите на кои поимот „социјален живот“ им е непознат или делумно познат. Стапуваат во врска само поради заедничко учење и полесно совладување на материјалот. Секогаш се заедно во читална (кое претставува свето место за нив) решавајки нерешливи задачи, заедничко средување на лабораториските вежби и така натака. На факс идат 2 саат пред почетокот на часот за да ги фатат најдобрите места или пак се договораат кој да иде прв и да фати место за двајцата. Многу често може да се видат во друштво на студент-газолизач и студентка-дудлач за да можат да извлечат информации за тоа кој тип на задачи би можело да се паднат на испит/колоквиум за да им седнат и да ги научат.

Ова беа топ 5 најзастапени врски на ЕТФ. Ги има уште неколку вида но се многу помалку застапени во однос на овие пет. Ако се пронајдовте во некоја од овие врски Елфаско не презима никаква одговорност.

Текстот може да го најдете во Елфаско #52
Tweet It! Facebook

September 12, 2011

Ретро пост: Вистинската вистина за црниот монитор

Дали кога поминувате покрај огласната табла го имате забележано црниот монитор што е поставен одма над неа? Дали се имате запрашано зашто е поставен таму? Која е неговата функција? Зашто е црн и зашто не работи? Јас како и Вие секогаш кога поминував покрај огласната табла и ќе го забележав мониторот си ги поставував истите овие прашања. Благодарание на мојата голема љубопитност, успеав да ги најдам одговорите на овие прашања.

Мониторот е поставен со цел да ги скенира мозоците на студентите кои стојат пред огласната табла. Во него има вградено уреди кои емитираат електромагнетни микробранови неосетливи за човекот, кои продираат во човечката глава и го скенираат детално мозокот а потоа информацијата за структурата на мозокот се праќа во просторија веднаш до ФЛАОП каде што има посебни системи кои ја обработуваат таа информација. На тој начин преку таа обработка, луѓето што се таму, бидејќи не успеав да дојдам до нивните имиња и занимања ќе ги наречам Д Маркд, можат да откријат што навистина сакаат студентите. 

Потоа, ги групираат во две групи: студенти-бубачи, односно група на студенти кои секојдневно го посетуваат факултетот, немаат испуштено ни едно предавање/вежби, секогаш одат на консултации (дури и кога не треба) и група студенти-небубачи, кои не се замараат многу со факултетот, не одат многу на предавања/вежби, гледат да положат со 6-ка... Подоцна преку посебни предаватели кои се поставени на покривот на факултетот се праќаат електромагнетни импулси со информации за извршување на одредена наредба, кои се исти со импулсите кои мозокот ги праќа до останатите органи од нашето тело, до мозоците на студентите-бубачи кои ја извршуваат таа наредба без да знаат дека се контролирани од Д Маркд. 

Со ваквиот начин на контрола тие лесно можат да им наредат на бубачите да се инфилтрираат во групите небубачи и да ги дознаат нивните намери кои подоцна им ги пренесуваат на Д Маркд. Ова најчесто се случува за време на испитни сесии или колоквиумска недела, кога групата небубачи активно работат на наоѓање начини за положување на испитите преку наоѓање испитни ливчиња од последните пет сесии, правење ливчиња за препишување, правење на комбинации од најчесто поставувани прашања на испит и  друго а притоа да не вложат многу труд и време за учење непотребен материјал. Во тие периоди Д Маркд масовно праќаат сигнали до бубачите со една наредба: откривање на начините за обид за нелегално положување на испит. Потоа откако бубачите ќе успеат на некој начин да дојдат до овие информации, Д Маркд ги разгледуваат и преземаат соодветни мерки за нивна елиминација.

Така ако небубачите успеат да дојдат до информација за тоа кои прашања или задачи би се паднале на испит, благодарение на информацијата од бубачите Д Маркд веднаш го алармираат професорот на предметот за кој се најдени прашањата / задачите да ги промени и на тој начин да ги спречи небубачите да положат. Како награда подоцна бубачите добиваат оценка плус по некој предмет или им се дава некоја ретка збирка нерешливи задачи за да можат да си ја пополнат домашната колекција на збирки. Друг случај е откривање на студентите кои сакаат да препишуваат на испит. Подоцна кога ќе почне испитот професорот или асистентот (зависи од тоа кој ќе биде џандар за време на испитот), откако ќе поминат 20 минути од испитот ќе отидат кај студентот, ќе му направат детален претрес за да му ги најдат ливчињата и ќе му опнат казна за неполагање на испитот од три сесии. Бубачот кој ќе успее да дојде до оваа информација како награда добива 1000 листови и три пенкала, а за секој фатен петти студент бубачот како бонус награда добива дигитрон Casio. Зошто го прават ова незнам. Можеби професорите се почуствувале малце понижено од страна на овие студенти кои успеваат да најдат начин без многу труд и мака да положат испит.

Инаку, пред 23,45 секунди дознав дека истиот тој телевизор, најверојатно додека да излезе Елфаско, ќе проработи и на него ќе бидат поставувани некои информации битни за студентите или нешто слично. Немојте да помислите дека тоа е навистина така. Најверојатно некој од тие студенти бубачи дошол до информацијата дека во Елфаско ќе се објавува текст за вистинската намера на црниот телевизор па Д Маркд, со цел да не бидат откриени, ќе поставуваат информации на него. Затоа кога поминувате покрај огласната табла пазете од кај поминувате, или набавете си метален шлем, како тој од Магнито од X-Men.

Објавено во Елфаско #52
Tweet It! Facebook

August 29, 2011

ЕТФ (ФЕИТ) Кама Сутра

Сексот на ЕТФ беше а според последните истражувања сеуште е ан ноун апликејшн и се дешава еднаш годишно за време на годишните одмори. Поради овој факт Елфаско напорно работеше неколку години на издавање на книга според која студентите на ФЕИТ (која сеуште се чека да излезе од печатница) ќе може во секое време истовремено да имаат секс и да учат (звучи идеално нели? ) . 

Што ќе има во книгата?  Во книгата  ќе бидат опишани неколку попознати секс пози со илустрации за тоа како да го правите тоа... За илустрациите беа најмени неколку холивудски порно ѕвезди,  кои без размислување се кандисаа да ни позираат. Со помош на оваа книга ќе можете  да имате две задоволства: ем ќе имате секс, ем во исто време ќе си го научите материјалот.

Да не ја должам многу, следуваат неколку попознати пози:
 
Поза нумеро уно: Машкото нека легне на грб, а девојката нека го јавне. Двајцата земете по една книга. Поставете ги книгите во положба за читање и почнете со задоволувањето.

Поза нумеро дуо: Машкото нека седне на стол, а девојката во неговиот скут. Девојката нека ги стави рацете околу вратот на машкото и нека ја земе книгата. Додека машкото ја “работи“ девојката нека чита на глас, за да може и машкото да слуша, за да не рече после дека само секс имал а материјалот не го научил (оваа поза е препорачлива за тие што учат ист материјал).
  
Поза нумеро тре: Девојката нека легне на маса со раширени нозе. Машкото стои исправено до девојката, спремен за да почне со секс. Девојката зема книга во рацете и ја држи свртена накај машкото. Додека машкото работи во исто време чита и на глас а девојката  лежи и ужива слушајки го читањето на машкото (оваа поза е слична со преходната само улогите се сменети).

Поза нумеро кватро: ја има во книгата.

Доста ви се овие пози. За останатите ќе мора да почеката да излезе книгата (баш еве сеа ми кажаа дека им останало уште 500 примероци да испечатат). До тогаш бидете добри, сакајте се меѓу себе, кажете и некој убав збор на вашата симпатија/женска/дечко/швалер/швалерка, купете и цвеќе на жената, секси долна облека за мажот и не заборавајте да купите пипер за ајвар.
Текстот  е објавен во Елфаско #50
Tweet It! Facebook

August 20, 2011

Мал лексикон на поими

Студент - недефинирано суштество, лишено од сите земски задоволства.

Студент кој завршил факултет во дадениот рок - нестварно митско суштество, зборува на непознат 16-битен јазик. Од 1965-та е прогласен за врста пред исчезнување и е под заштита на УНИЦЕФ. Голема енигма за студентите поради неговите абнормални интелектуални способности.

Положен испит - Плод на огромен труд и митска борба со безбројните задачи, прочитаните книги, неколку пати пререшените збирки, безбројните непроспиени ноќи, лишувања од земните задоволства. Последици: ќелавост, нарушен нервен систем, трошење пари, недостаток на сексуален живот...

Продекан за настава - Најомразеното суштество меѓу студентите. Главен виновник за скратениот број на сесии, условите и лишења од сите добра за студентите. Во очите на бруцошите го има статусот на спасител и водич низ студентските денови. Се мисли дека е директен потомок на гроф Дракула.

Студентски дом-Место за учење, неморал, секс, дрога, алкохол. Живеењето во него може да е толку добро што ќе посакате никогаш да не го напуштите (за разлика од факултетот). Напуштањето на домот се дели во две групи: со диплома и без диплома. Добивањето место во дом е најлесно преку врски или купување од друг студент.

Слободна - Најкористената амајлија на студентите. Служи за протерување на злите духови на јавниот превоз. Препорачливо е нон стоп да е со вас поради заштита од истите. Нејзиното непоседување доведува до ситуација да бегате или да се карате со униформираните лица кои најчесто се со птички мозок, па не се во состојба да го сватат вашето интелектуално излагање дека сте студент и немате пари.

Дневна светлост - Необјаснет феномен, се гледа само на патот од вашата куќа, студентски дом или стан до факултетот. Пожелно е да се избегнува поради несакани последици т.е. појава на синдромот “нормален живот“.

Алкохол - Одлучувачки фактор за социјализација на студентите. Се користи како стимуланс за развивање тешки дискусии. Неговото поседување е неопходно во текот на испитниот рок а особено по негово завршување. Се користи како утешно средство при неположен испит или како средство за славење при секој положен испит. Се служи исклучиво изладено на температура од 8.45 степени во ладилник од “Горење“, зачинето со кикирики, семки, чипс...

Огласна табла - Најпосетеното место во факултетот и врховен владетел во ходникот на факултетот. Епицентар на студентските случувања. Место од голема важност за студентскиот живот. На неа се истакнати сите одлуки на врховниот суд на факултетот т.е. деканатот. Доказ за постоењето на “условен рефлекс“ т.е. нон стоп ѕверење во неа па дури и кога е празна.

Индекс - Единствен доказ за постоењето на студентите. Главен извор на финансиски средства во периодите на тешки економски кризи. Пожелно е да се поседуваат повеќе, но минимумот е два: еден за професорот кој е најчесто празен и еден за вас (не е тешко да се добие 10-ка). Ова средство ги има надминато сите економски кризи, подеми и падови на светската берза.
Скриптара-Главен извор на материјали за студентите.

Диплома - Парче хартија за која секој студент се бори минимум 7 години...

објавено во Елфаско #51
Tweet It! Facebook

August 18, 2011

10те професорови заповеди плус молитвата за 6ка

Барајки една книга налетав на бруцошки информатор што го добив од Елфасковци на првиот училишен ден на ЕТФ. Веднаш ме опфатија носталгични чуства па зедов да го разгледам и да се потсетам на бруцошките денови. Највпечатливи ми беа 10те професорови заповеди и молитвата за 6-ка па решив да ги пишав овде :) (не за друго може по некоја случајност некој сегашен или иден бруцош да налета овде). 


10 професорови заповеди:

1. Јас сум Професор Доктор твој, да немаш други Професори освен мене. 
2. Не прави идол или слика на она што е горе во кабинетот, што е долу во анексот и што е во пријавницата под училницата, не им приговарај и не се буни.
3. Не го изговарај напразно името на Професорот твој Доктор. 
4. Споменувај си за денот на испитот за да го празнуваш, шест дена бубај и сврши ги сите лабораториски вежби, а седмиот ден посвети го на Професорот твојот Доктор. 
5. Почитувај го Твојот асистент и Твојата асистентка за да ти биде добро и да поживееш долго на факултетот. 
6. Не барај вишок бодови.
7. Не прави ливчиња.
8. Не препишувај. 
9. Не сведочи лажно против твојот цимер.
10. Не пожелувај туѓа скрипта за фотокопирање.

Молитва за 6-ка

Професоре наш, Кој си на катедрата, да 
се свети името Твое, да дојде испитот Твој, 
да биде вољата Твоја, како на писмен,
така и на устен, 6-ката наша насушна дај ни ја денес 
и прости ни ги препишувањата наши како што им ги
проштеваме и ние на “Студентски прашања“, и не воведувај не во 
изведување, но избавине од квадрирање. Зошто е 
Твоја сесијата, и силата и славата на 
Асистентот и Лаборантот и 
Демонстраторот, сега и секогаш и во 
вечни векови
Амин.
Tweet It! Facebook

August 09, 2011

Таа

Се изненадив кога ја видов како стоеше пред мене... Не очекував да ја сретнам...бар не сега...можеби подоцна...и не на ова место. Стоев скаменет пред неа и не знаев што да правам. Горев од желба да ја видам, да ја земам во прегратка, да и шепотам нежно... цело време си ја замислував нашата средба. Ја замислував баш како сега стои пред мене, а јас и се приближувам накај неа целиот насмевнат, ја земам во раце и ја бакнувам... а сега кога она беше пред мене јас не можев да се мрдам ни милиметар а камоли да и пријдам и да ја земам во раце... Бев премногу изненаден од оваа ненадејна средба... Не мислев дека ќе ја најдам тука на ова место. 

Бев премногу возбуден, срцето ми работеше со 200 на саат мислев дека ќе ми излета од градите. За целото тоа време додека стоев скаменет пред неа низ мојот напатен и донекаде оштетен мозок ми прелета целата наша заедничка историја, од моментот кога се запознавме до моментот кога се разделивме... Нашата неизмерна љубов почна пред 5 години кога решив да запливам во академските води и се запишав каде не ако не на ФЕИТ или тогашно ЕТФ. Бевме во иста група и на почетокот, искрено јас имав некаква одбивност кон неа и целиот факултет иако она се трудеше да ми се доближи, да стане дел од мојот црн со благи нијанси на тегет живот и да стане повеќе од само пријателка. 

Сеуште бев зелен во тоа што го имам внатре во главата и незнаев кај сум дошол и што се очекува од мене па многу често кога бев посабајле на предавања бегав од часови. Но полека со текот на времето, кога сфатив кај сум дошол, мојата упорност од неидење се инвертираше кон идење на факултет и го започнав процесот на интезивно дружење со неа. Како последица на тоа меѓу нас се роди љубов и сфатив дека сме родени еден за друг. Бевме неразделни и дење и ноќе. Секаде каде што одев она беше со мене. Не сакаше да ме остави сам... Понекогаш и спиевме заедно, најчесто кога остануваше до доцна кај мене, задлабочени во заедничко решавање на некој science fiction проблем зададен од нашите “многу сакани“ и “обожавани“ професори... Ехх... Тие ноќи беа едни од најубавите во мојот живот ( мислам на тоа после учењето)... Така ми поминаа најдобрите 5 години од мојот живот... Но тогаш дојде денот кога моравме да се разделиме... Не сакав да се разделам од неа а ни она од мене... Морав да го напуштам факултетот поради некои причини кои не се тема на овој текст, а она како доказ на нејзината без условна љубов кон мене беше решена да го остави факултетот и да дојде со мене каде и да одам јас макар и на крај на светот да отидам. Една вечер ја напуштив без да и кажам... Знаев дека ќе ме преколнува за тоа... А мене не ми беше арно... Срцето беше готово да се отаже од мене а и јас самиот посакав слободно да паѓам од некоја 12 катница... Таа вечер си ветив дека еден ден ќе дојдам да ја посетам... 

После една година, пет месеци, 1 и пол недела и 15 часа се вратив од кај што си отидов и тргнав да ја посетам... Сево ова ми прелета низ главата во правец на симетралата на мојот мозок во насока од лево кон десно како некој холивудски филм исполнет со специјални ефекти... Што да правам сега кога она стоеше пред мене ? Како ќе реагира сега кога се појавив пред неа исто онака како што си отидов? Како и да е, решив да и се приближам... Но никако не можев да се одлепам од местото... Телото ја имаше откажано својата лојалност кон мозокот и јавуваше пречки во интерфејсот ...

Откако со судни маки успеав да ги остранам баговите што се јавија во интерфејсот поради оваа ненадејна средба, се доближив до неа и ја земав во раце... Зрачев од радост како некој да ме удрил со 20 000 волти... Таа беше тука, ме чекаше мене и само мене... Ништо не беше сменето на неа... Беше истата од денот кога се разделивме... Тоа беше ТАА, тоа беше мојата животна никогаш непрежалена и секогаш сакана љубов... ТАА беше мојата КНИГА... 

Текстот е објавен во Елфаско #51
Tweet It! Facebook

August 05, 2011

Ретро пост: Филозофијата на еден ум

Си лежам јас така у мојо кревет и си думам за ногу работи шо го мачат овај свет и така наеднаш ми се појави една ствар шо ја беех мислел од поранко. Сум правел аналогија меѓу сексо на мажо и жената со стварите шо ги уча туа на ЕТФ...

Види вака, мажо и жената сум ги земал како еден систем: напајање т.е. изворо на напон или енергија (таа улога е на мажо) и потрошач (таа улога ја има жената). Секој извор си има моќност шо може да ја даде т.е. енергија и си има кабел со него, со кој ќе се поврзе на потрошачо и ќе го напојува... кабело може да биде со различна дебелина и должина у зависност од тоа колку капацитет има изворо односно колку поголема моќност толку поголем кабел (али тоа у пракса не мора да значи така оти постојат исклучоци) и тоа ти иде според свецките стандарди (кои се саа нема да ги пиша). 

Потрошачо (жената) си има своја побарувачка на енергија исто така според некојси друзи свецки стандарди и според тие стандарди треба да се знае колку дебел и долг кабел ќе треба за да моиш да ја задоволиш со доволно енергија и да можи да работи како што треба. Потрошачо си има два отвора, еден главен кај шо влегва кабелот и еден спореден кој се користи у ногу ретки и екстремни случаи и најчесто се користи како back up или extra charge доколку тоа го бара потрошачо.

Главнио отвор е секогаш поголем и поширок од тај другјо али кај секој потрошач е со различна ширина и големина нормално у зависност на тоа колку енергија барат и тоа ти иде колку поголема побарувачка толку поширок отвор а од туа следи дека ќе мора и поголем и подебел кабел за да ја задоволиш сос доволно енергија. Тие потрошачи шо првпат се пуштат у работа барат од изворо шо ќе ги напојува да има на кабело дополнителна заштита (тенка гума) од страх да не настане некоја штета додека кабело ги напојува оти ако настане штета после ќе мора да се плаќа пари за поправка на штетата а и животнио век и на двајцата ќе се промени и наруши и нема да биди ист ко шо бил порано. 

Оние другите потрошачи шо имаат долг век на работа не бараат од изворо да стаи на кабело дополнителна заштита оти знаат дека така коефициентот на искористеност е поголем и си добива поголема моќност (праксата покажала дека и тие шо првпат се пуштаат после второто користење на кабело за напајање се трга заштитата) и они си знаат кога да прекинат со напајањето (им се става некој чип унатре кој им кажува кога ќе почне да се празни изворо и да се тргнат оти не се дозволува напоно да падне под номиналнио).

Доколу у текот на ваа работа изворо се покаже како ногу јак извор на енергија и дава долга стабилност на системо одма е најбаран меѓу потрошачите а и ако некој потрошач се покаже како ногу јак искористувач на енергија (со коефициент на искористеност 0.95) одма се бара меѓу изворите... и ако се спојат ногу јак извор и ногу јак потрошач се добива идеален систем али ногу ретко се случува ова (треба посебни услови за овај систем да опстане у работа).

У пракса се покажало дека се случува некад да се бара еден извор да напојува поише потрошачи у исто време али он мора да има ногу голема енергија и ногу јак кабел и голема стабилност на системо за да можи да издржи да не рикне предвреме додека е држан под напон од потрошачите. Ногу редок случај туа на нашите простори е еден потрошач да користи поише извори у исто време и тај потрошач има ногу голема енергија и затоа бара поише извори. Во тој случај се користи и тај другјо, помалиот, отвор за да се задоволи со доволно енергија и у исто време ги прима и двата кабли. 

Има и посебна класа на потрошачи кои може да се користат секогаш и у секое време и них можеш да ги најдеш само на посебни места и работат у посебни услови и затоа се плаќа за них. Ако сакаш ваков потрошач (инаку они имаат коефициент на искористеност 0.99) ќе треба да отидеш на местото кај шо се чуваат и да му кажиш на чичкото шо ги држи дека сакаш еден таков и ќе му дадеш пари и он ќе ти донесе една (или повеќе) и ќе си се пуштиш у работа. 

Инаку на вај свет има и една посебна група на извори и потрошачи кои се користат за прикажување како се прави оваа работа и них ги снимат луѓе со камери и после ги даваат на телевизоро ама у посебни термини (ова ти е ко теоретски дел). Ако сакаш да научиш некој други техники на напајање/искористување на извор или пак појма немаш како се праи ваа работа можи да седнеш и да гледаш. Друга можност е да идеш да си купиш некоја ваква емисија на CD/DVD од некој чичко или тетка шо ги продава и да си научиш убаво за после да имаш само практична настава.

Воа беше филозофијата шо сакаах да ја кажам. А вие пред да почнете да напојувате потрошач или искористувате некој извор на напојување видејте шо карактеристики има да не испадне после за чабе работата :)). Ајт.




Tweet It! Facebook

August 01, 2011

Светите заповеди на Индустријалците

Пред да ги напишам светите заповеди да објаснам со неколку реченици што претставува Индустријалец. Индустријалец е вид на живо суштество кое припаѓа на групата живи суштества која меѓу народот е позната како студенти. Инаку Индустријалец е вид кој може да се сретне само на ФЕИТ и последните неколку години му се заканува опасност од изумирање. 

Поради тоа се наоѓа под заштита на Светската унија за заштита на ретките видови на студенти и Унијата за заштита на ретките видови студенти на ФЕИТ. Во рамките на факултетот пред 2 години е формирано здружение чија главна и единствена задача е да се грижи за спасување на видот на Индустријалците и секојдневно да се бараат студенти кои имаат потенцијал да станат Индустријалци. 

Со самото  влегување во групата Индустријалци на новиот Индустријалец му се откриваат сите можности за полесно поминување на студентскиот живот: снабдување со материјали за учење, решени испитни прашања и задачи од последните 10 години, обуки за побрзо совладување на колоквиумскиот материјал, организирање пијанки пред факултет, теренска настава која се состои од посета на локални дискотеки, кафани и барови, локации на места со најубавите скари итн. За да му биде овозможено сето ова, Индустријалецот е должен да ги почитува во секое време 10-те свети заповеди на Индустријалците:

1. Слушај ги и почитувај ги врховните Владетели-Професорите на родот Индустријалски. Тие ќе те водат низ макотрпниот пат наречен студирање.
2. Секогаш почитувај го и поклонувај му се на светото Тројство: Статор, Ротор и Колектор.
3. Секогаш и секаде поклонувај се на создателите на родот Индустријалски: Генераторот и Моторот - деца на нејзиното вселенско височество Машината.
4. Посетувај го храмот Индустријалски - Лабораторијата 5 пати неделно и принесувај жртви на Светото Тројство.
5. Користи надворешна меморија.
6. Секогаш помагај им на твоите колеги - Индустријалци кога се немоќни.
7. Секогаш, каде и да си, со кого и да си, воздигнувај го родот свој Индустријалски како најсвето нешто на светот.
9. Чувај го и брани го родот свој Индустријалски.
10. Еднаш неделно пиј во чест на врховниот бог на Индустријалците Никола Тесла.
Tweet It! Facebook

September 12, 2010

Интервју со скараџијата

Денес незнам од каде и зашто ама кога станав од спиење ми се пријаде скара. Ама не секаква скара туку скара на ќумур направена од рацете на мојот најдобар другар. Тој си има некаков си негов начин и ритуал на приготвување на скарата кој го има развиено низ многу-направените-скари за време на скараџиските празници и до сега секој што пробал посакал пак да проба. 

За време на еден од тие скараџиски празници бевме собрани прилично големо друштво и другарот мој, инаку меѓу локалното население познат како Манас, си ја приготвуваше неговата вообичаена скара. Така, скриени под чадорот за сонце, додека си ја маткаше скарата а јас му правев друштво со шопска и домашна, почнавме муабет за тоа од каде кај него се јави меракот за правење скари и организирање скара-собиранки. 
Дел од тој муабет, оној на кој успеав да се сетам следниот ден и да го запишам, следува подолу нормално малце потсреден

Јас: Од каде се јави желбата да правиш скара на жар?
Скараџијата: Па како мал често пати, благодарение на стариот мој, присуствував на скара-собиранки и гледајки како старите уживаат во начинот на правењето на скара, кај мене се роди љубовта и јас еден ден да почнам да правам скара со моите пријатели. А и вкусот на добро приготвеното месо на скара на жар е незаменлив, нели ? 

Јас: Нормално. Какво месо најчесто го печеш на скара? 
Скараџијата: Па скоро секакво месо, ама најчесто ќебапи, колбаси, пилешки стек, кременадли и шарска. Мој специјалитет е пилешки стек. 

Јас: Добро. Кажи ми што се треба да имаш покрај себе за приготвување на месото пред да го ставиш на скара.
Скараџијата: Треба да се има зејтин ( исклучиво “Брилијант“ од сончогледово масло без многу маснотии), тузланска сол, вегета (може секаква освен “Тузот“) и на крај добар жар. Жарот може да се направи со ќумур купен од некој локален продавач на ќумур или  сам да си направиш жар. Јас практикувам сам да го правам жарот.

Јас: Познато е дека при правењето на скара, скараџиите обично дегустираат нешто додека ја прават скарата или како што они велат “да го натопат грлото за после месото полесно да се лизга“. Што најчесто претпочиташ да дегустираш додека ја правиш скарата?
Скараџијата: Најчесто ја претпочитам домашната лозова ракија (од 45 до 48 степени) заедно со шопска салата. При недостаток на ова, претпочитам да пијам пиво ( понекогаш и месото го залевам со пиво за да има подобар вкус) и тоа исклучиво Скопско. Нормално, мора да се има и друштво покрај скарата, не бива сам да се прави скара. 

Јас: Па ете јас ти правам друштво. 
Скараџијата: Хехе. 

Јас: Тука меѓу локалното население, она помладото локално население, те знае како добар скара-мајстор. Зашто на пример не си почнеш некој бизнис со скара. На пример да си отвориш некое кафанче.
Скараџијата: Па и онака веќе има повеќе од доволно отворени места кај што може да се проба добра скара. А од друга страна и не ми претставува некое задоволство да отворам кафана. Повеќе ми прави кејф да се собереме со друштво и да си направиме скара.

 Јас: Кога најчесто претпочиташ да правиш скара?
Скараџијата: Најчесто правам скара за време на празници кога по традиција се оди на излет ( 2 Мај, Илинден), инаку ми се има случено кога сум дома (најчесто за викенд) да си седнам на тераса да ја извадам скарата, да ги повикам комшиките и комшиите, да купиме пиво месо и други препарати потребни за правење скара, да испоседнеме и да уживаме во месото на скара. 
 
Јас: Дали користиш електрична скара и зашто не?
Скараџијата: Не користам електрична скара. Сум пробал да правам месо на неа еднаш или двапати и не ми се допаѓа. Месото го нема оној вкус како што го има кога е приготвено на скара на жар.
Tweet It! Facebook